Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра „Обид на македонистот“ ја доби наградата за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“, што ја доделува Општина Охрид.
Одлуката ја донесе комисијата составена од: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член.
– Делото обратува актуелна и горлива тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет – пишува во соопштението на Општината.
На конкурсот пристигнале 73 коверти со 75 раскази. Во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“. Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид за да го докаже авторството со четвртиот примерок. Наградата има парична вредност од 30.000 денари, а ќе му биде врачена на авторот на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.





