Словенечко-македонско-хрватската комедија „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец ќе биде прикажана вечерва во 22.30 часот во чест на наградените на 4. Галичник филм фестивал. Нискобуџетниот филм во кој продуценти се режисерот Водопивец, Сашко Коцев и Јелена Јованова, постигна голем успех кај публиката во трите копродукциски земји.
Актерот Сашко Коцев, заедно со продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски, е член на жирито на фестивалот.
На последната фестивалска вечер ќе бидат прикажани седум краткометражни филмови од официјалната селекција, по што ќе бидат врачени и наградите за најдобрите.





