Македонскиот композитор Александар Пејовски беше дел од премиерата на филмот „Ескорт“ на режисерот Лукас Нола, во арената во Пула, во рамките на Филмскиот фестивал во Пула. Пејовски ја создаде музиката за еротскиот трилер во кој Македонија е копродуцент заедно со земјата-носител на филмот Хрватска и Косово.

Со долги овации колегите и почитувачи на делото на Нола го поздравија неговото последно филмско дело. Лукас Нола почина во 2022 година.
Македонски копродуцент на филмот е Томи Салковски од „Скопје филм студио“, а на филмот работеше и Игор Поповски – дизајн на звук.
Светската премиера на филмот беше на 18 јули, на 70. издание на големиот филмски фестивал.
Повеќе за филмот, на следниот линк.





