Дамјан Давков освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада, за Македонија и сребро и две бронзи

Осмоодделенецот Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза на Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) чиј формален домаќин беше Кишињев, Молдавија. Во нашиот тим членуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим беше проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.

Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учество го организираше Сојузот на Математичари на Македонија.

 

Сподели