Во скопското кино „Фросина“ вечерва во 19 часот промиерно ќе биде прикажан филмот „Еден тон сладолед“, во режија на Сандра Ѓоргиева. Премиерата е во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Филмот ја следи агонијата и борбата со грижата на совест на тинејџерот Ведран. Со низа апсурдни ситуации проблемот станува сè поголем, посериозен и може да тежи колку еден тон сладолед.
Играат: Јелена Јованова, Бодан Киранџиски и Јована Иванова. Филмот е на „Oхо продукција“ и е поддржан од Агенцијата за филм.
Повеќе за програмата на фестивалот денеска, на следниот линк.

Кинотека
15:00 „На едно ладно со Митко Панов“
Мастер клас со режисерот
18:00 „Сведок“
Режија:Митко Панов
СЕЕ селекција
20:00 Јавачи
Режија Доменик Менцеј
Словениіа, пролетта 1999 година. Дваіца пријатели од едно мало село решаваат своите мопеди да ги престорат во чопери и да тргнат на патување. Во потрага по слобода и љубов, патуваат низ соништа од минатото и визии на иднината.
Кино Фросина
Гала селекција
19.00 Паднати лисја
Сценарио и режија: Аки Курисмаки
Приказна за двајца осамени луѓе што случајно се среќаваат една ноќ во Хелсинки и се обидуваат да ја наідат првата, единствена и последна љубов на своіот живот. Патот кон оваа искрена цел е засенет од алкохолизмот на мажот, загубени телефонски броеви, тоа што не си знаат име ниту адреса, како и општата тенденција на животот да поставува пречки на патот на тие што си jа бараат среќата.
МК кратки
21:00 часот 4891
Режија: Ивана Мирчевска
Обидувајќи се да влезе во паралелен универзум, еден математички гениј ја губи малата сосетка во „црната дупка“ помеѓу.
СЕЕ селекција
21:15 Сте ја виделе ли оваа жена
Режија: Матија Глуевиќ и Душан Зориќ
Во жештината на еден летен ден, Драгиња наоѓа тело на мртва жена што личи на неа.
Во жештината на еден летен ден, Драгиња најмува лажен сопруг да го покаже пред приателите.
Во студенилото на една зимска нок, Драгиња талка по улиците во надеж дека ќе си го поврати загубеното сеќавање.
Низ три различни животи, една средовечна жена се обидува да излезе од својата кожа.
МКЦ ПАРК
Официјална селекција
20.30 Граници на љубовта
Режисер Томаж Вински
Сценарио: Каша Јандачкова, Хана Вагнерова, Петра Хулова, Томаж Вински
Хана чувствува дека врската со Петар им запаѓа во криза, па решава да ја освежи преку споделување на свои еротски фантазии и скриени желби со него. Чекорот од зборови до дела е мал. Набрзо почнуваат да ја истражуваат сопствената интимност, пробувајќи искуства со други партнери и жестоко туркајќи ги границите и колку далеку можат да одат во љубовта и сексот. Меѓутоа таков експеримент со слободата може лесно да излезе од контрола.
Играа: Хана Вагнерова, Матјаж Резничек, Антоние Форманова, Мартин Хофман





