Просторот е димензија во која човекот се движи, работи. Воведувањето на оптичка илузија на двојна перспектива е само еден дел од проблемот со кој се занимавам преку моите објекти низ кои ја претставувам повеќедимензионалноста, раслоеноста и преобразбата на просторноста. Секој елемент е дел од една мозаична целина, но истовремено води кон различна перцепција на „другата просторност“, вели уметникот Јован Наумоски чија изложба „Метаморфози на просторноста“ завчера беше отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Погледнете фотографии од отворањето на изложбата.










