Откупна награда за цртежот „Карта на треперење“ од Кристијан Јованоски

Уметникот Кристијан Јованоски за делото „Карта на треперење“ доби откупна награда од Галеријата „Акантус“ и Бојан Д. Георгиевски. Делото беше изложено во рамките на групната изложба „Скопски урбани приказни – Во 5 и 17“ која ја организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија на неколлу локации во Скопје. Делото на Јованоски кое доби откупна, парична награда е поставено во галеријата „Грал“ и може да се види уште денеска (од 10 до 20 часот).

Цртежот „Карта на треперење“ е изработено во димензии 70x200cm, во техниката молив на платно.

Сподели