Деца на возраст од 5 до 8 години танцуваа во Халки ритам

Деца на возраст од 5 до 8 години се запознаа со основните елементи на современиот танц, учеа за движењата, но и за правилно држање на телото на работилница „Танцуваме во Халки ритам“ што се одржа во Музејот на град Скопје. Ова е втора од шесте тематски работилници за развој на детската креативност, кои се рeализираат летово под слоганот „Халки шарено лето“. Ментор на работилницата беше Бобан Русески, современ танчер и кореограф.

– Децата одблиску учеа за танцот, што е танчар, а што кореограф. Разработувавме неколку ритмички, фацијални, танчерски и партнерски вежби. Тие се запознаа со неколку танчерски стилови. Се надевам дека успеав да им ја разгорам желбата за танцот. Задоволство ми беше да ги видам насмевките, енергијата и заинтересираноста за танцот кај дечињата од „Халки шарено лето“ и се надевам дека ќе имаме можност повторно да се дружиме – вели менторот Русески.

Поддржувач и организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи и летово најмладите да имаат интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со поддршка на ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.

Работилниците „Халки шарено лето“ ќе продолжат во текот на август, како и досега во попладневните часови. Сите работилници ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите можат да ги пријават децата, бидејќи бројот на учесници на сите работилници е ограничен. На крај од циклусот ќе бидат презентирани сите создадени дела од „Халки шарено лето“.

Сподели