Велосипедизам, спортско качување, параглајдинг и планинарење се дел од активностите што ќе се одржат викендов во Преспа и во Националниот парк „Галичица“, од петок до недела (7-9 јули). Планирано е трчање на 5 км. низ улиците на Ресен. За спортското качување ќе се погрижат инструктори од Спортско качувачка федерација на Македонија , кои ќе постават јажиња на неколку насоки со различна тежина. Параглајдинг-летовите ќе ги организира клубот за параглајдинг „Кондор“ од Прилеп по промотивна цена. Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „Преспа бајк“ и Националниот парк „Галичица“.
Повеќе информации на линкот.





