Независната музичка сцена Битола, во рамките на мини проектот „Зајакнување на независната музичка сцена во Битола“, утре во 11 часот во Кристалната сала на Офицерскиот дом организира работилница на тема „Артистот и музичката индустрија – бизнис релација или долгогодишно искуство?“ Работилницата ќе ја води Атанасија Гулевска – АТА.
Работилниците се поддржани од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Eu, Се работи за работилница наменета за зајакнување на капацитетите и вештините на локалните музички артисти и организации кои работат со нив. На работилниците ќе се зборува за различните аспекти на градење музичка кариера, од гаража до фестивали, начин на градење препознатливост, запознавање во музичката индустрија и релации, примери за успешни младински организации на ова поле и др.
Идејата на независната музичка сцена е музичките артисти на локално ниво да се здружат, да ги детектираат своите потреби и во соработка со локалната самоуправа и други истанци да ги решаават во правец на подобрување на условите за креирае, градење музичка кариера и др. Паролата на оваа иницијатива е „За бенд ти треба френд“, стара бендовска изрека која алудира на тоа дека само здружени можеме да постигнеме промени.




