Пендаровски ги пречека математичарите и физичарите-олимпијци

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги пречека нашите најдобри математичари и физичари, што веќе и’ донесоа големи успеси на Македонија. Тој ја поздрави иницијативата. „Поддршка на научно-технолошката извонредност кај ученици и млади“, на ТИРЗ, каде Дирекцијата веќе ја обезбеди и првата поддршка за тимовите на средношколци – математичари и физичари и нивно учество на Светските олимпијади по математика и физика, и двете во Јапонија.

– Вложување во младите е најголемата и најважна инвестиција. Среќен сум што ТИРЗ обезбеди поддршка и за физичарите и за математичарите кои ќе не претставуваат на Светските олимпијади по математика и физика во Токио. Овие млади се нашите најдобри амбасадори. Но ова не треба да заврши тука. Затоа отвораме процес за креирање фонд за поддршка на сите млади со извонредни вештини. Верувам дека со оваа нова програма на ТИРЗ заеднички ќе успееме да ги поттикнеме да ни се приклучат и компаниите и други институции, бидејќи е повеќе од потребно на овие млади да им покажеме дека оваа држава е тука за нив и дека нивната иднина е овде дома – истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Сподели