Фестивалот „Скопје синема сити“ во Кинотека

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворено 9. издание на „Скопје синема сити“, единствениот филмски фестивал кај нас посветен на музичките документарни филмови. Фестивалот ќе биде отворен со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Ќе бидат изложени по 5 дела од фотографите Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

Во 20 часот ќе се одржи проекцијата на „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен. Утре на на програмата се филмот „Вкусот на успехот“ за „Леб и сол“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“. Фестивалот наградата за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката ќе му ја врачи на Џијан Емин.

Сподели