„Уметнички мостови“ – повик за престој во Италија и Словенија на млади уметници од 18 до 30 години

Здружението „Отоволате“ од Болоња објави повик за избор на шестмина уметници од Хрватска, Италија, Словенија и од Македонија на возраст од 18 до 30 години. Здружението е  добитник на кофинансирање од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка за проектот Vicini di arte, размена наменета за млади луѓе ангажирани во уметничкиот сектор во Италија, Хрватска и Словенија во партнерство со Здружението Boja (Словенија), Udurga Prizma (Хрватска) и Здружение СЕНСУС (Македонија).

Главната цел на проектот е да се развие знаење за културната различност кај новите генерации и да се поттикне создавањето на соработки меѓу младите луѓе од различни земји преку уметничко-формативни искуства, да се стимулира размислување за уметничката продукција и за улогата на уметноста како форма на комуникација, истражување и како алатка за анализа на општествената реалност.

Проектот предвидува престој од по две недели во Италија и во Словенија во периодот меѓу септември и октомври, за размена на искуства помеѓу млади уметници што ќе доведе до подобрување на нивото на знаење за другата земја, за стекнување алатки за надминување на академската обука и промовирање на средба на поединци со локалната реалност преку инструментот на уметноста.

Рокот на пријавување е до 15 јули, а за сите информации обратете се на следниот имејл-адреса – sensus.sk@gmail.com.

Од условите за учество се издојуваат:
• да се занимаваат со уметност и да ја документираат оваа состојба со детална наставна програма за нивните искуства од обуката и нивната уметничка активност
• да бидат мотивирани да учествуваат во студиско патување / уметнички престој
• имаат искуство и интерес да бидат активни учесници во животот на градот и заедницата
• имаат интерес да дознаат повеќе за земјата домаќин

Од сите учесници се бара да бидат достапни за учество во проектот вкупно 30 дена, споделувајќи ја подготовката и евалуацијата на резултатите.

Сподели