Трибина на која ќе се претстават кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи денеска во 18.30 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Своите планови и програми ќе ги претстават професорите Горан Ајдински и Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Биљана Ангелова од Економскиот институт, Атанас Кочов од Машински факултет и Христина Спасевска и Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологи.
Модератори се проф. д-р Виктор Стефов од Природно-математички факултет и Јасмина Јакимова од БИРН Македонија.
Трибината ја организира Независниот академски синдикат.





