Јордан Витанов – добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“

Jордан Витанов, долгогодишен член на ансамблот на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, сега актер во пензија, е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2023 година. Жири комисијата во состав: Игор Џамбазов, Деан Дамјановски и Талија Настова едногласно му го додели ова значајно актерско признание на Витанов и во своето образложение истакна:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Актерот Јордан Витанов е еден од најмаркантните актерски појави во својата генерација и со својот импозантен професионален опус (како актерски така и менаџерски) несомнено се поставува во редот на најзначајните театарски и општествени творци во Македонија. За својот четиридецениски актерски ангажман на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес“, како и на сцените на скоро сите професионални театри во државата има остварено над сто улоги и има добиено бројни домашни и меѓународни награди, како и статусот на првенец на матичниот театар. Подеднакво активен и на филмот и телевизијата со улоги кои остануваат запаметени и омилени од страна на широката публика.

Сподели