Јан Стојановски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освои бронзен медал, а Емилија Николовска – ученичка во прва година во Математичко-информатичката гимназија во Скопје освои пофалница (награда за успешно учество) на 5. Европска олимпијада по физика што заврши вчера. Двата наградени ученика се натпреваруваа со 220 ученици од Европа и светот од кои најголемиот дел се ученици во завршните години на средното образование. Натпреварот се одржа онлајн, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Македонската екипа работеше под лидерство на проф. д-р Ирина Петреска и асс. м-р Христијан Кочанковски.
Македонскиот тим го сочинуваа и: Марко Стојановски (4. година во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје), Мајкл Георгиевски (2. година во СОУ „Добри Даскалов“ – Кавадарци) и Димитар Џорлев (3. година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица).
Од Друштвото на физичарите објаснуваат дека Николовска за само 0.4 поени не успеала да освои бронзен медал, две работи се важни, а 0.2 поени го делеа Стојановски од пофалница.
Целокупните трошоци за учеството на тимот на Олимпијадата беа покриени од Друштвото на физичарите на Република Македонија. Во подготовката на учениците, организацијата на натпреварот, дискусијата, преведувањето на задачите, набљудувањето на учениците, приговорите и сите останати активности, покрај лидерите на тимот учествуваа и други членови на ДФРМ и вработени на Институтот за физика при ПМФ: доц. д-р Трифче Сандев, проф. д-р Боце Митревски, проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Александар Скепаровски.
Насловна фотографија: ДФРМ





