Поетски литературен конкурс за основци

Литературен конкурс за поезија на тема „По вашите стапки чекориме“ за основци од цела Македонија објави Центарот за култура во Крива Паланка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. Носител на конкурсот е Литературниот клуб „Калин“. Најдобрите творби ќе бидат наградени.

Право на учество имаат сите ученици од основното образование во државата. Пристигнатите творби ќе ги оценува комисија во три категории: ученици од прво до трето одделение, од четврто до шесто и од седмо до деветто одделение. Творбите треба да бидат напишани во форма на поезија. Учениците можат да пишуваат на својот мајчин јазик, но да бидат преведени на македонски стандарден јазик.

Секое училиште може да учествува најмногу со три најдобри творби и на секоја творба задолжително да бидат наведени информации за ученикот, менторот и податоци за контакт.

Краен рок за доставување на творбите е 5 мај на адресата: nuckkrivapalanka_biblioteka2021@yahoo.com

Нахрадените уленици ќе учествуваат на културната манифестација закажана за 22 мај во просториите на Eвропската куќа во Крива Паланка, ден пред прославата на св. Јоаким Крчовски и во пресрет на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај.

Сподели