Во „Ист гејт мол“ е отворена изложбата „Кои сме ние?“ посветена на ромската култура. Изложбата ја организира здружението „Ромалитико“ и станува збор за прва од ваков тип изложба достапна на јавноста.
На изложбата имате можност да дознаете кратка историја на Ромите, бројот на Ромите низ државите во светот, најважни датуми за Ромите што ги одбележуваме секоја година, кои светски познати Роми имаат ромско потекло, факти за денот 8 април, културата, јазикот, традицијата и мини ромски речник со зборови и нивен превод. Изложбата е достапна на македонски и англиски јазик, а ќе биде отворена до 7 мај.
Изложбата е отворена со поддршка на УСАИД во земјава.





