Охридскиот Завод и музеј и Општина Дебарца во заедничка заштита на спомениците на културата

Меморандум за соработка на почетот на заштита на културното наследство склучија Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид и Општина Дебрца. Документот го потпишаа директорката на Заводот и музеј, Катерина Велкоска и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески. Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање“ како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство.

Сподели