Конференција „Чувари на мудроста“ со осуммина реномирани интелектуалци

Учесници на трите панела ќе бидат: Никола Пановски, Таки Фити, Симон Наумоски, Винка Саздова, Благој Чоревски, Костадин Танчев Динка, Катерина Цаневска и Лилјана Грџо Дамовска

Во малата сала на Филхармонијата на РСМ, утре со почеток во 11.30 часот ќе започне конференцијата „Чувари на мудроста“ на која што реномирани интелектуалци од различни области ќе збочуваат пред младата публика. Тие говорат за значењето на професионалната надградба, кариерниот развој, претприемништвото, значењето на културната едукација. Конференцијата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје, „Чувари на мудроста“, што започна минатата година и и’ е посветена на повозрасната популација. Целта на кампањата не е само да им се даде повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија кои оставиле трајни белези зад себе, туку и да се поттикнат младите да обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните од кои може многу да се научи.

На конференцијата што е поделена во три панели, успешни професори, уметници, стопанственици и новинари ќе дискутираат и со присутните ќе ги споделат своите животни и професионални искуства на три теми – култура, економија и комуникации. На тема „До успех со среќа или работа“ ќе дискутираат професорите Никола Пановски, академик Таки Фити и Симон Наумоски, основач на Витаминка АД Прилеп. Писателката Винка Саздова, актерот Благој Чоревски и професорот Костадин Танчев Динка ќе зборуваат на тема „Живот со или за уметноста“, додека новинарките Катерина Цаневска и Лилјана Грџо Дамовска ќе бидат учесници во третиот панел – „Новинарството од ѕвездите до калта“.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да го пријават своето учество на следниот линк.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата www.cuvarinamudrosta.mk

Сподели