16 години Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе одржи свечена академија во Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет. Ова е прв свечен настан во рамките на повеќедневната програма за одбележување на патронатот на УГД. Во 11.30 часот ќе почне свечената академијата, на која ќе се обратат ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и претседателот на Универзитетското студентско собрание. Мотото на свеченоста годинака е: „Избери мудро, делувај храбро!

Ќе бидат промовирани и наградени студентите со најдобар успех на универзитетот, кои ќе биват наградени со најдобар успех, дипломирани минатата година, со пофалници и вредюносен ваучер од 10.000 денари. Ќе следуваат музички и танцови точки.

Преку ваквото одбележување и прославување на патрониот празник, а во знак на 16 години постоење на УГД, сакаме да ставиме акцент на прашањето: Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое дејствува?“, вели Мираковски.

– Универзитетите се суштински за развојот на општеството. Како јавни институции имаат за цел, не само да ги подготват студентите за кариерата која ќе ја изберат, туку, пред сè, да ги образуваат како граѓани со широк светоглед и знаења, подготвени да го градат идниот свет. УГД е универзитет кој во своето 16-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените. Младите кои во текот на овој временски период ни ја подарија својата доверба и станаа наши студенти се стекнаа со знаење и вештини кои им овозможуваат да бидат успешни во својата кариера, да креираат нови бизниси, да ги лекуваат болните, да произведуваат здрава храна, да го пренесуваат македонскиот јазик на идните генерации, да учителствуваат, да го менуваат општеството и да го унапредат животот на луѓето во него – вели ректорот.

Воедно, ќе им бидат доделени благодарности и на истакнати институции во општеството, за поддршката и соработката што ја градиме, со цел квалитетно образование и работење на УГД. Одбележувањето на патронатот ќе заврши на 2 април.

 

Сподели