Студентите на УКИМ повикуваат на протест на 24 март во знак на револт кон МОН

До петок, до 18 часот, студентите даваат рок да се направи нов анекс на договор, каде ќе се вметне член кој предвидува исплата на стипендиите од претходно. Исто така очекуваат и официјално соопштение од МОН.

Студентите се чувствуваат излажани, изманипулирани, а вашиот однос го оценуваме како неетички и неморален, велат од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а се однесува на Министерството за образование и наука. Студентите реагираат зашто им беше најавено дека изедначувањето на стипендиите ќе важи и за месеците до овој ден, а не од денот на потпишување на договорот. Поради тоа, тие најавуваат протест за на 24 март во 18 часот пред зградата на МОН. До тој час, студентите даваат рок да се направи нов анекс на договор, каде ќе се вметне член кој предвидува исплата на стипендиите од претходно. Исто така очекуваат и официјално соопштение од МОН.

-Ваквиот револт не произлегува само од овој проблем, туку и од ненавремената исплата на вашите обврски кон студентите за стипендиите и студенткиот оброк, како и се уште незапочнатата реконструкција на студентските домови, која исто така беше ветувана. Доста е од ваквиот однос. Ги повикуваме сите студенти од сите факултети, од сите градови да ни се приклучат на масовен протест. Овојпат ги повикуваме и сите професори, родители, пратеници, медиуми и сите оние што чувствуваат потреба да се исправи оваа неправда  – велат од УСС на УКИМ.

Тие ги поканија и своите колеги од УГД, УКЛО, Штулов, Тетовски универзитет, ФОН, Студентски отпрони други да им дадат поддршка.

Сподели