Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи музичкиот перформанс „Јапонски сон: Музика од колективното несвесно“. Од Токио доаѓа вокалистката Ајуми Саита, која ќе настапи во соработка со нашиот музичар, продуцент и композитор Јордан Костов.
– Со мешавина на јапонски, балкански, афро и латино фолклор ќе ја доживееме музиката на народите во една еклектична џез нео сол изведба. Нејзиниот глас нè преплавува со безвременски емоции на музика која функционира насекаде и секогаш. Додека пак џез аранжманите и импровизациите со хармоника на Костов со Петар Христов лира, Дамјан Гријо перкусии и Александар Бошков електрична гитара, ќе му додадат еден урбан модерен шмек, што уште повеќе ги поврзува континентите и времињата што оваа музика ги репрезентира – велат организаторите.
На перформансот публиката ќе има можност да дегусира јапонски пијалаци.





