На Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во понеделник (20 март) ќе се одржат Отворени денови. Од 10 до 13 часот учениците ќе имаат можност да се запознаат со физичките капацитети, амфитеатарот, предавалните, научноистражувачките лаборатории, библиотеката и читалната, минералошката збирка и да присуствуваат на лабораториските вежби во студентските лаборатории.
– Можете да присуствувате и на часовите по хемиско експериментирање. Прашајте сè што ве интересира за студиските програми по применета хемија, применета хемија-аналитичка биохемија и наставна хемија. Запознајте се со можностите за стипендирање, практикантството, кариерните можности и студентскиот живот – велат од Институтот.
Наставниците може да ги пријават своите ученици на линкот.





