Студентите на УКИМ сами си направија Студентски културен центар

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје добија нов простор каде што можат да се дружат, учат, а се наоѓа веднаш до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Просторот кој има околу 230 метри квадратни студентите со свои сили го опремија, со цел да можат да уживаат во него, а да можат да организираат и културна програма. Отворањето во саботата беше збогатено со музичка програма и изложба на студенти од Факултетот за ликовна уметност.

Фото: @ogiteo01

Идејата на СКЦ е музичарите и младите уметници да добијат повеќе просотр за да можат да се вмрежуваат, другаруваат, вели Славчо Темелковски, претседател на УСС на УКИМ. Дополнително просторот ќе им биде на располагање и на сите организации во рамките на УКИМ, како собранија да можат да организираат настани, работилници, изложби.

Идејното архитектонско решение за Студентскиот културен центар е на Елена Настеска и Маја Попоска, поранешни студентки на Архитектонскиот факултет во Скопје. Тие победија на на конкурсот што го објави Универзитетското собрание.

Сподели