Иван Босиљчиќ за миг ја освои битолската публика

Со многу аплаузи, овации и враќања на сцена публиката синоќа го награди актерот од Србија, Иван Босиљчиќ на настапот во Центарот за култура во Битола. Вечерта со поезија и музика во една вечер уште долго ќе се памети во граот.

Босиљчиќ, кој повеќе од деценија доминира на ТВ екраните, на филмското платно и на театарските сцени, интернационално, освен што глуми, тој пее, рецитира поезија, а вчера докажа дека е миленик на жените од целиот регион.

Тој синоќа докажа дека умее да направи совршен спој во уметничка вечер која донесе возбудување на драмска претстава, но и на врвен музички настан, посебен и ретко виден на нашите простори.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Сподели