Електронска книга за македонската книжевност во првите две децении на 21 век

Книгата „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)“ деновиве е објавена во електронска верзија. Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје во соработка со професорката Калина Малеска како уредничка на книгата.

– Авторите на поглавјата напишаа кратки осврти за творештвото на избраните писатели и нивните дела од 2001 до 2020 година. Идејата беше да се опфатат што поголем број на писател(к)и од овој период и со тоа да се поттикне преиспитување на самиот концепт на канонот. За да се постигне оваа цел, се планира книгата да се прошири во наредните години и да има и второ издание – велат уредувачите на изданието.

Книгата е самостојно издание во електронска верзија и може да се види и преземе на линкот.

Сподели