Изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на уметници на Македонија ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Домот на АРМ во Скопје. Кураторскиот концепт го постави Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата е насловена „Каде е границата…?“.
– Во уметноста границата во последно време го губи своето значење. Фактот што мултилатералниот и интердисциплинарен пристап на уметниците во конотација на техничката изведба и пристапот кон реализацијата и поставеноста на делата се повеќе е присутен, ја проширува границата или оди отворено без неа. Низ самиот процес на поместување на границата, уметникот, го поставува прашањето и поставува дилеми, постојат ли граници и каде се тие – велат од ДЛУМ.
На учествуваат 22 автори, членови на ДЛУМ: Марија Мицова-Гацова, Јана Луловска, Татјана Миљовска, Ема Петрова, Борче Богоевски, Слободан Живковски, Иво Пецов, Шќипе Мехмети, Марија Чепишева, Златко Глигоров, Стефан Јакимовски, Ана Спасова, Петар Миљковиќ, Ангел Димовски Чауш, Ацо Таневски, Стефан Младеновски, Ѓорѓи Динев, Душан Георгиевски, Нела Јанковска, Златко Бојковски, Зулејха Зибери Али и Љупчо Бојаров. Изложбата ќе биде отворена до 4 март.
Насловна фотографија: Архива на ДЛУМ





