Театарско-философски перформанс на Стивен Фридман во Битола

Американскиот режисер Стивен Фридман ќе гостува во Офицерскиот дом вечерва во 20.30 часот со својот театарско-философски перформанс Philaris’s bull: Solving the riddle of the great big world. Гостувањето е соработка на Културно-информативниот центар од Битола заедно со американската амбасада во Скопје и општина Битола.

Стивен Фридман е исклучителна мултимедијална личност и изведувач.

– Најубаво срочена философска лекција која било кога сте ја посетиле, е напишана од Стивен Фридман… Тој е поет, сликар, автор, учител, молекуларен биолог, но суштината на неговата потрага е одговорот на прашањето како да ја екстрахира убавината од болката… (Њујоркер).

Сподели