Директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов утрово поднесе оставка до Министерството за култура. Го раководеше театарот од 14 јануари 2022, прво како В.Д, а од август до денес како директор. Во година дена успеа да реализира три претстави кои се барани од публиката. Тоа се: „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, „Илуминати“ на Синиша Евтимов и „Жени во Собрание“ на режисерот Ќендрим Ријани.
Тој ќе остане во театарот на позицијата драматург во театарот.
– Оставката ја поднесувам од лични причини, зашто не можам да се посветам на оваа работа онолку колку што би сакал. Останувам во театарот како драматург – првата љубов – изјави Спасов за Умно.мк.





