Теми од областа на сајбер хигената, спречување на лажни вести и сајбер булинг обработуваа неделава средошколците од повеќе училишта во Скопје. Работилницата ја одржа Владислав Бидиков од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Europe House Скопје, а присуствуваа средношколци од гимназиите „Зеф Љуш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Алгоритам“ и од Унија на средношколци.
Тие преку сопствени и практични примери научија како да ги спречат појавите во рамките на нивноте социјални кругови. Дел од учениците изразија желба темите да бидат дополнително проширени во иднина.





