Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведен современиот балет „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Кореограф е Александар Илиќ од Србија, костимограф – Катерина Радошевиќ-Галиќ од Хрватска, а сценограф – Филип Коруновски.
Настапуваат: Билјана Басмаџиева-Ковачевски(Пепелашка), Игор Веланоски (Принц), Саша Евтимова (Вила Ангел), Ангела Богатинова (Маќеа), Ендру Кук и Кристијан Јангос (Сестри), Драган Кочоски (Татко) и Гала Кочевска (Мала Пепелашка). Со нив ќе настапат и солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Насловна фотографија: НОБ





