Премиера на документарецот „Гостивар – град на културата и соживотот“

На 27 јануари во Гостивар премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Гостивар – град на културата и соживотот“, изработен во рамки на проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ спроведен од Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина“ – Полог.

– Идејата за реализирање на ваков тип на документаен филм е резултат на взаемната соработка на културните работници кои творат во различни сфери од културата – вели Даниел Ѓорѓевски од Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина“ – Полог.

Целокупната иницијатива е спроведена во рамки на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2) која ја финансира Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Насловна фотографија: Википедија

Сподели