Со ѕвонци и клопотарци, облечени во дебели животински кожи и качулки, преправени со долги мустаќи и бради, џоломарите од кавадаречкото село Бегниште ја испратија старата и ја дочекаа Новата година. Мажите преправени во страшилишта редовно ги придружуваат една баба и две невести (кои се исто така мажи).
Невестите ја симболизираат новата година, а бабите таа што заминува. Обичајот се одржува на празникот Василица. Традицијата на џоломарството трае повеќе од 5 века, а обичајот е заштитен како дел од нематеријалното културно наследство на Македонија.












Фотографиите се авторски со дозвола за користење на Умно.мк и нивното преземање не е дозволено





