Поткаст со актерот Береда Решит (ВИДЕО)

Актерот Береда Решит е дел од ансамблот на Гостиварскиот театар, а е познат и по неколкуте епизодни улоги што ги игра во хит-серијата „Преспав“. Тивок и ненаметлив актер, кој го сака театарот и во својата кариера имал проекти на албански, турски, на македонски јазик. Досега играл во: „Годината на мајмунот“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Лазар“, „Делириум тременс“ и други наслови.

Актерот Решит е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видеопоткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничките соработка.

Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Сподели