Наградуваниот роман „Градина од стакло“ на Татјана Цибуљак на македонски

Романот-добитник на наградата на Европската Унија во 2019 година, „Градина од стакло“ од молдавската писателка Татјана Цибуљак, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ . Романот е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Андреј Лавчански.

„Градина од стакло“ е восхитувачки раскажана приказна, стилско ремек-дело. Роман за животот на „малите“ луѓе во заднината на големите историско-политички промени со распадот на СССР, за идентитетот, за различноста, за борбата на цела една женска генерација да пронајде свое пристојно место во суровиот свет.

Сподели