Во издание на Филозофскиот факултет, деновиве е објавен учебникот „Академско пишување и објавување“ од проф. д-р Владимир Трајковсkи и Наташа Ангелоска-Галевска. Учебникот е првенствено наменет за студентите од Филозофскиот факултет во Скопје и останатите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ што го избрале предметот Академско пишување и објавување и другите сродни предмети во текот на нивните студии.
Учебникот може да биде корисен и за многу поширока популација, односно за сите оние кои се заинтересирани да сознаат повеќе за принципите и техниките на академското пишување и објавување. Академското пишување и објавување е начин на комуникација што треба да е усвоен и практикуван од сите членови на академската заедница.
Повеќе за учебникот, прочитајте на следниот линк.





