Архитектура – дел од поголем комплекс на градби кои припаѓале на доцниот османлиски период се дел од новите сознанија од археолошките истражувања на Самуиловата тврдина во Охрид кои беа спроведени годинава. Со нив раководее археологот Анатоли Арнаудовски.
– Со последните истражувања имаме сознанија за хронолошката комплексност на локалитетот, а секако и показателите од движен и недвижен карактер укажуваат на развојот на културните хоризонти и неговите етапи – вели тој.
Истражени биле околу 150 квадратни метри. Освен новите делови од архитектура, археолозите откриле и фрагменти од керамички садови, делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори од доцната антика па сè до доцниот османлискиот период.
За прв пат беше извршено и фотограметриско снимање на северната и јужната половина од Цитаделата. Истражувањата се дел од годишната програма на Министерството за култура.
Фото: Завод и музеј од Охрид





