Поткаст со уметникот Решат Амети (ВИДЕО)

Повеќе од 30 години е присутен на ликовната сцена во Македонија, а долго време изложува и во меѓународни рамки. Решат Амети е роден во Гостивар, во албанско семејство со традиција на таленти за ликовна уметност. Средно уметничко училиште завршил во Скопје, каде што дипломирал на Факултетот за ликовна уметност, а магистрирал во Приштина магистрирав. Денеска предава на Државниот универзитет во Тетово. Амети тврди дека на светот не можеш да му продаваш измислени вредности. Традицијата е таа што нè дефинира и од тоа не треба да бегаме. Само така се раѓа оригинална и автентична уметност.

Амети е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ што ги изработи тимот на Умно.мк. Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обеднитетите нации (УНДП).

Сподели