Никола Спировски, Алексиј Тасиќ и Јан Стојановски освоија златен медал на 4. Меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“ што го организираше Сојузот на математичарите на Македонија. Тие беа најдобри во категоријата сениори. Во категоријата јуниори златен медал освои осмоодделенецот Никола Стојковски.
На натпреварот беа избрани и македонските претставнички на Европската женска математичка олимпијада во 2023 година, а според пропозициите тоа се четирите најдобро пласирани натпреварувачки – Емилија Николовска, Ивона Зикова, Миша Веселински и Сара Тошевска. Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири.
Меморијалниот натпревар е од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4,5 часа дневно. Ова се најдобрите на натпреварот:



Насловна фотографија и табели: СММ





