Аутизмот и креативноста: Изложба на 9-годишниот Филип од Кадино

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во 10 часот ќе биде отворена изложба на 40 дела од деветгодишниот Филип Циглењак Симоновски од Скопје. Филип е ученик во 4. одделение при основното училиште „Ристо Крле во Кадино. На своја четиригодишна возраст, сосема случајно почнал да слика акрил на платно. Оттогаш, сликите на Филип, кој има аутизам, зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции. Изложбата ја организираат Детскиот културен центар „Карпош, здружението „Во мојот свет и „Идеа лаб.

– Со оваа изложба, Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се еден вид невербална комуникација, па така Филип на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината, која со интерес ја следи неговата креативност – велат организаторите.

Сподели