Изложба „Панта Реи“ на Бојан Ковски во Археолошкиот музеј

Во Археолошкиот музеј на Македонија, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски со наслов „Панта Реи“. Изложбата се состои од 12 дела, за кои авторот се инспириранл од својот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас. Тој ја разработува формата на човечкото тело и природата, кои претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуализација.

Бојан Ковски е академски сликар, што дипломирал на Факултетот за ликовни уметности под менторство на Антони Мазневски. Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во своите дела се изразува со слики масло на платно, како и со перформанси што опфаќаат сликање на човечко тело.
– Сложена е и специфична структурата на овие уметнички дела во нивниот целосен изглед. Тој ја одбира водата како еден од четирите основни елементи на планетата Земја. Водата иако е една од најпроучуваните супстанции, таа сепак е најмалку разбрана.,,Ништо не е толку сложено како нејзиното однесување“ – Џон Емсли. Во неа телата ги истегнува до крајни граници. До неспоивото! Божествена елеганција и крајна експресивност – пишува Анжелика Апсис во текстот за изложбата.

Сподели