Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ организира отворен ден утре од 11 до 13 часот во своите простории. Во рамките на активностите предвидена е презентација на студиските програми, како и можностите за професионален развој на идните студенти. Матурантите и нивните родители се поканети да ги запознаат професорите, да слушнат за искуството на студентите, како и да добијат повеќе информации за студиските програми, интернационалната размена, пракса и можностите во ИТ-сферата.
Заинтересираните ќе можат да присуствуваат на дел од предавањата и вежбите што ќе се одвиваат во текот на денот.





