Македонија, Србија и Бугарија потпишаа договор за продолжување на соработката за изложбата „100 години Требениште“. Договорите во Министерството за култура на Бугарија во Софија ги потпишаа претставници од Археолошкиот музеј од Скопје, Националниот археолошки музеј при Бугарската академија на науките и Народниот музеј од Белград. Домаќин на делегациите беше министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков, а присуствуваа и македонскиот и српскиот амбасадор во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска и Жељко Јовиќ.
– Археолошките предмети пронајдени на требенишката некропола за прв пат беа изложени на едно место во 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје и по ковид пандемијата наредните изложби ќе се одржат во 2023 година во Софија и во 2025 година во Белград. Договорот предвидува научна соработка и размена на изложби меѓу Археолошкиот музеј во Скопје и Народниот археолошки музеј во Софија – сооптија од нашпиот Археолошки музеј.
Тое се заблагодарија на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид за поддршката во остварување на соработката и размената на изложби.





