Почна дистрибуцијата на учебниците, до крајот на месецов сепак нема сите да ги добијат

Министерството за образование и наука вчера ја започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Иако пред месец дена министерот Јетон Шаќири најавуваше дека сите ученици од прво до петто одделение ќе ги добијат книгите до крајот на месецот, сепак 30 отсто ќе треба да почекаат.

Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје. Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, ќе продолжи печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.

 

Сподели