Денеска замина снимателот и фотограф Лука Суша (1950-2022). Роден е во Скопје, а живеел и се школувал во многу градови во поранешна Југославија. Негови фотографии се објавени бо многу дневни и неделни југословенски изданија. Долги години беше снимател во телевезијата „А1“, а изминатите две децении со Зоран Костески отсликале стотици македонски села на прагот на исчезнување. За овој подвиг во 2017 година беа наградени со наградата „Љубе Цветановски“ што секоја година ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија.
– Творештвото на Лука Суша ќе остане да сведочи за него и неговиот оригинален и професионален пристап кон работата. Драг колега и соработник, уметник кој ќе остане запаметен по неговиот уметнички израз во секој аспект од работата – соопшти Здружението на новинарите на Македонија.
Погребот ќе се изврши задутре (22 октомври) во 11 часот во капелата на Градските гробишта „Бутел“.





