Битола е домаќин на 13. издание Фестивалот на краткометражни филмови Balkans Beyond Borders кој ќе се одржи од денеска до 25 октомври под мотото „Одлепување на мозаикот“. Ќе бидат 56 кратки филмови, ќе бидат организирани фото-маратон, неколку работилници и богата оф програма.
– Фестивалот се состои од сите типови на жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови. Сакаме да имаме комплетна програма и да го покриеме целосно Балканскиот Регион – истакна Василики Малтасоглу, директорка на фестивалот кој секој година се одржува во различна земја.
Менувањето на градовите каде се реализира фестивалот е да привлекува нова публика и да промовира меѓубалканска соработка. Фестивалот досега се одржал во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Софија, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина. Седиште на фестивалот е Атина.
– Ни доаѓаат 43 режисери и уметници кои работат во филмската индустрија, а доаѓаат од различни држави од овој дел на Европа – истакна Милчо Дули од СФЕРА Интернешанал која е локален партнер на фестивалот.
Најдобрите дела ќе ги избира жирито составено од Дина Дума, Танасис Неофотистос и Јелена Мишељиќ. Сите проекции и активности ќе се одвивата во Центарот за култура, а влезот е бесплатен. Повеќе информации на линкот.





