Изложба на Марија Мицова Гацова ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата при Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата „Дата база“ е резултат на постдипломските студии на Мицова-Гацова, под менторство на проф. Станко Павлески.
Преку користење на различни материјали и медиуми е претставено визуелното истражување на релацијата со предците и своевидно растајнување и раслојување на напластената содржина на заробената меморија. Претходно изрaзувајки се преку цртежи, со оваа поставка уметницата ги опросторува своите идеи, допирајќи до слоевитостите на нејзината лична и посредувана меморија.





