Почина уметникот Јован Балов

Уметникот и историчар на уметноста Јован Балов денеска почина во 62-та година од животот. Неговата бунтовност, преку своето творештво искрено ја соопштуваше. Одредени циклуси од неговото творештво поставуваа прашања и дилеми. Неговата образованост, цртачки и сликарски талент го презентираше низ актуелни теми во уметноста, но и на новите авангардни пристапи во творештвото, велат од Друштвото на ликовните уметници, чиј член беше Балов.

Јован Балов е роден на 6 ноември 1961 година во Скопје. Студирал на Факултетот за историја на уметноста и археологија студирал од 1981-84, а од 1983-1987 студирал и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности. До 1995 живеел на релација Скопје – Амстердам, а оттогаш живеел и работел во Берлин како самостоен уметник. Во уметничката кариера долга 40 години, Балов реализирал изложби во Македонија, но и во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во други земји.

Балов беше заслужен за афирмацијата на многу наши уметници во Германија. Од 2004 година наваму, во галеријата „Прима центар“ во Берлин по негова заслуга беа реализирани голем број изложби на наши и на странски автори. За неговиот ангажман во 2007 година во Атина беше прогласен за херој на балканската култура.

Сподели