Режисерот Андреј Цветановски го доведе текстот на Лорка до уметничко совршенство

На сцената на Народно позориште Лесковац деновиве беше премиерно беше изведена претставата „Домот на Бернарда Алба“ во режија на Андреј Цветановски. Ова е прва премиера за годинава за овој српски театар. Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, а музиката Димитар Андоновски, постојани соработници на режисерот Цветановски, додека автор на костимите е Ивана Ристиќ. Автор на сценското движење е Миодраг Крчмарик, а дизајнот на светло е Радомир Стаменковиќ.

Во раскошната и комплексна претстава „Домот на Бернарда Алба“ гледачот имаше можност да се впушти во светот на темниот вилает на зачмаената фамилија составена исклучиво од женски ликови. Улогите ги толкуваат: Сузана Грујиќ, Маја Јанковиќ, Тања Крчмарик, Наташа Пејиќ, Мина Цоциќ, Петра Димитријевиќ и Радмила Коцевска.

Режисерот изјави дека Лорка е еден од авторите чија поетика и лирика прави неговите текстови да се подложни за нови прочити и низ тоа секоја негова драма станува основа за модерен театар. „Домот на Бернарда Алба“ е текст кој нуди толку многу можности во својата тема што претставува празник за секој режисер, ама и голема одговорност. Низ работата на оваа претстава можевме да го гледаме создавањето на еден женски свет што пати за своите пропуштени шанси, ги сонува своите соништа и живее со својата фрустација од тој патријархален свет, а во исто време претставува негов најголем чувар. Приказна за затворот на сите желби, страсти, амбиции и сништа, како и револуција кој постепено ги симнува оковите и се бори да ослободи се она што не прави индивидуи во ова неправедно време.

Режисерот Цветановски втор пат оваа година работи во Србија, после премиерата на „Идиот“ од Достоевски во продукција на Новосадско позориште која се случи во јануари оваа година.

– Ова е претстава која мора задолжително да ја погледнете, дури и да не сте љубител на театар, пред се, затоа што по подолго време се сличи лесковачката публика на премиера повеќе да аплаудира на режисерот, отколку на самите актери. Младиот македонски режисер го доведе текстот на Лорка до уметничко совршенство, а симболиката на страдањето на жената што се раководи по животната филозофија „што ќе каже светот“ до точка на болка што ја преживува и публиката секогаш кога грч во стомакот или остар рез на немоќ на сцената доживуваат и глумците во ова безвремеменско дело напишано во далечната 1936 година, пишува српскиот медиум Resetka.rs.

„Домот на Бернарда Алба“ сигурно е претстава на која Народното позориште од Лесковац може со леснотија да смета на фесетивалски живот, но и награди, благодарение на извонредниот талент на младиот македонски режисер Андреј Цветановски.

Фотографии: Јани Патче

Сподели